Министерството за финансии склучи договор за нов проект

Bez autora
Oct 01 2012

Иако започнат во 1987 година, објектот "Југобанка" во центарот на Скопје никако да се заврши. Министерството за финансии ја презеде задачата за довршување на градежните активности, со цел во него да се смести неговата администрација. Сепак, и покрај ветувањата дека зградата со површина од 14.000 квадратни метри ќе биде ставена во функција во првиот квартал од 2012 година, во моментов ситуацијата на терен покажува дека роковите се пробиени, а завршницата се уште не е ниту на повидок. Допрва треба да се изведуваат клучните фази на реализација на објектот во неокласицистички стил, за кој проектот го изработи "Македонијапроект", додека како изведувач беше ангажирана словенечката компанија "Енергоплан". Во меѓувреме, според веб-порталот "Билд", надлежното министерство пред една недела склучило нов договор со "Неимар инженеринг" од Скопје за изработка на проектна документација за градење на објектот и за проектантски надзор.

Министерството за финансии склучи договор за нов проектИако започнат во 1987 година, објектот "Југобанка" во центарот на Скопје никако да се заврши.

Министерството за финансии ја презеде задачата за довршување на градежните активности, со цел во него да се смести неговата администрација. Сепак, и покрај ветувањата дека зградата со површина од 14.000 квадратни метри ќе биде ставена во функција во првиот квартал од 2012 година, во моментов ситуацијата на терен покажува дека роковите се пробиени, а завршницата се уште не е ниту на повидок. Допрва треба да се изведуваат клучните фази на реализација на објектот во неокласицистички стил, за кој проектот го изработи "Македонијапроект", додека како изведувач беше ангажирана словенечката компанија "Енергоплан".

Во меѓувреме, според веб-порталот "Билд", надлежното министерство пред една недела склучило нов договор со "Неимар инженеринг" од Скопје за изработка на проектна документација за градење на објектот и за проектантски надзор. Од новоизбраната компанија се очекува да изработи основен проект, проект за изведена состојба, проект за употреба и одржување, да обезбеди стручни консултации при подготовка на тендерската документација и спроведување на постапката за изградба на објектот, како и да го врши проектантскиот надзор за време на неговата реализација. За извршување на овие услуги ќе се исплатат 9.252.165 денари, односно околу 150.000 евра, а времетраењето на договорот изнесува 18 месеци.

"Неимар инженеринг" досега учествуваше во изработката на проектите за неколку објекти од "Скопје 2014", меѓу кои "Порта Македонија", административниот објект на Агенцијата за електронски комуникации, објектот спроти хотелот "Бристол" во кој ќе се сместат неколку државни комисии и агенции, како и идното седиште на Факултетот за драмски уметности покрај реката Вардар.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik